Ванковска стигна до 7.876 потписи

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски ги собраа потребните потписи за претседателска кандидатура. Билјана Ванковска од Левица има собрано 7.876 поддржувачи и повикува граѓаните да излезат и да се потпишат. Стевчо Јакимовски има собрано 6.676 потписи. Тие двајца се најблиску до потребни 10.000 потписи.

Господин Попоски има 40 поддржувачи. Ѓорѓи Манасков има 267 гласови. Зорица Цветковска од „Десна“ има 140 потписи. Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија има собрано 887 потписи.