Нема гарантирани цени на производите, ама Битиќи ќе ги казнувал трговците ако претерале

Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите, потврдија од Владата на Република Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.

„Доколку не се донесе законот за нефер трговски практики соодветно ќе реагираме. Секое нелогично зголемување на цените, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано, што тоа ќе значи, знаеме од минатото“, кажа Битиќи.

.