Големи протести во Бугарија против НАТО

Во центарот на Софија се одржаа масовни протести против учеството на Бугарија во операциите на Северноатлантската алијанса. Демонстрантите извикуваа „Бугарија е зона на мирот“, „Сакаме мир, а не војна!“ и „НАТО надвор!“.

Демонстрантите порачаа дека Бугарија не треба да учествува во воени конфликти, дека треба да се затворат воените бази на НАТО и да се зачува суверенитетот на земјата. Тие, исто така, ја повикаа владата да одбие да испорача оружје на Украина.

Протести се одржаа во педесетина градови низ државата, а најголеми беа во Софија.