Левица: Во Куманово нови паркинг места нема – старите ќе се наплаќаат

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово

Бесплатниот паркинг пред градскиот базен во Куманово од пролет ќе се наплаќа. Околу паркингот со 400 паркинг места се наоѓаат градскиот базен, тениските игралишта, кејот на реката Кумановка и еден од ретките мини детски игралишта – објекти кои влијаат на здравиот личен развој и чија употреба дополнително се демотивира со воведување на зонското паркирање.

Кумановскиот градоначалник како изборно ветување во својата програма предвиде решение за недостатокот на паркинг места со изградба на повеќе катни гаражи, но наместо повеќе паркинг места, градоначалникот удира по џебот на прелажаните граѓани.

Граѓаните реагираат и бараат решение на проблемот бидејки ваква пракса во работење која ја има градоначалникот е на штета на граѓаните и не смее да се дозволи.

Левица – ЛО Куманово кaко политичка партија секогаш дејствува во интерес на граѓаните и апелира до градоначалникот да престане да ја злоупотребува својата позиција. Време е да се започне со изнаоѓање на конкретни решенија кои ќе го намалат сообраќајниот метеж и ќе обезбедат повеќе нови паркинг места, а постоечкиот паркинг мора да остане бесплатен!