Изложбата „Првите кралеви на Европа“ ја продолжува својата турнеја во Канадскиот музеј на историјата

Изложбата „Првите кралеви на Европа“ на 5ти април ќе се отвори во Канадскиот музеј на историјата.

Оваа изложба ги носи посетителите на епско патување кое опфаќа 6.500 години – од неолитот до крајот на железното време и зората на империите – кога скапоцените метали за прв пат биле претопени во бакарни секири, бронзени мечеви и сребрен и златен накит. а воините граделе војски за да владеат со масите. За прв пат во Канада, повеќе од 700 ретки и извонредни предмети од 26 институции низ југоисточна Европа се собрани за да истражат како поединците ја зголемуваат својата моќ со собирање богатство и контролирање на трговијата, ритуалите, церемониите и војувањето.

Изложбата е структурирана во четири главни делови: Територија пред кралевите: неолитски период; Првата позлатена доба: бакарната доба; Нови патишта на моќта: бронзеното време; Раѓањето на кралското семејство: железната доба. Изложбениот курс се развива преку посебна сценографија, која комбинира прикажување на предмети со графички елементи, видео и аудиоелементи.

Координаторот на изложбата од Македонија, Гоце Наумов, вели дека е голема чест што жртвеникот од Врбјанска Чука е еден од првите и најстари предмети со кои започнува мистичното патување низ балканската предисторија.

Освен него, свое катче си имаат енеолитскиот скиптар од Шуплевец и железнодобниот накит од Милци, кои се дел од оваа приказна која буди голем интерес во  светот.