Етничка сегрегација во процесот на вакцинација на транспортните работници во Куманово

Македонските работници во транспортните компании во Куманово се жалат на дискриминација, споредено со нивните колеги Албанци, при процесот на вакцинација во Куманово.

Транспортните работници побарале да бидат вакцинирани со вакцината Фајзер, заради спецификата на нивната работа и потребата од секојдневно патување во повеќе европски држави. Доколку тие бидат вакцинирани со други вакцини, постои опасност при патувањет во европските држави да се сретнат со проблеми, да не можат да си ја завршат работата и да не бидат примени на адресата каде треба да биде оставена нивната роба.

Како што известија засегнатите работници: oдговорниот за овој процес, Валдрин Мифтари, е запознаен со целиот проблем, но при распределувањето на вакцините тој обезбедувал (и со телефонски повик) вакцина Фајзер за албанските транспортни работници, но не и за македонските. Возачите неколкукратно побарале помош за добивање на вакцина Фајзер, но тоа не се случило. Дел од нив, за овој проблем споделиле на Фејсбук, по што добиле закани за тужба од страна на Валдрин Мифтари, бидејќи го нарушувале угледот на институцијата со која управува. По што на некои од нив им рекол дека никогаш нема да добијат вакцина.

Со оваа постапка, Валдрин Мифтари не само што ја попречува работата на транспортните работници, од која обезбедуваат егзистенција за своите семејства, туку тој истовремено директно ја попречува работата и на транспортни компании како и на останатите компании кои соработуваат со странските пазари и имаат потреба од вакви услуги.

Затечени од овој неразумен проблем, најголем дел од возачите се вакцинирале во соседна Србија.