Народот против Западот – Нападната резиденцијата на нелегитимниот пакистански премиер

Во Пакистан избија жестоки судири меѓу безбедносните сили и поддржувачите на поранешниот премиер и сегашен лидер на опозицијата Имран Кан, откако тој беше уапсен во вторникот. Протестите избувнуваат низ целата земја, а едно лице е убиено во градот Квета.

Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Кан во четвртокот објави дека Шах Махмуд Куреши, кој служеше како Министер за надворешни работи во кабинетот на Кан за време на неговата четиригодишна премиерска функција, бил уапсен во текот на ноќта. Исто така бил уапсен и генералниот секретар на партијата Асад Умара.

Поддржувачите на пакистанската опозициска партија Техрик-е-Инсаф ја нападнаа резиденцијата на прозападниот и нелегитимен премиер Шехбаз Шариф во Лахоре, објави Индискиот „прес-труст“ повикувајќи се на пакистанската полиција. Според индискиот медиум, повеќе од 500 луѓе дошле до зградата и ги запалиле автомобилите паркирани таму.

Властите исто така соопштија дека за време на дводневните протести, демонстрантите запалиле 14 владини објекти и згради и 21 полициски автомобил во провинцијата Пенџаб.