Предлог-законот на Левица за породилно отсуство на жените земјоделки го помина првиот филтер

На вчерашната собраниска седница, помина потребата за носење на законот по скратена постапка (прва фаза) за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), предложен од пратениците од Левица.

Пратеникот Апасиев оваа вест ја сподели ан социјалните мрежи:

Од АФЖ (Антифашистичкиот фронт на жените на Левица) апелираа до надлежните комисии за брзо разгледување и усвојување на овој предлог.

Апелираме матичната Комисија за здравство што побрзо да го разгледа и усвои овој Предлог на комисиска седница и потоа истиот повторно да се најде на пленарна седница за да се оконча целиот процес и конечно да прекине досегашната дискриминација на жените-земјоделки