Пет пациенти починале во Газа, Израелците ја исклучиле струјата на болницата

Хамас во петокот објави дека најмалку пет пациенти се мртви поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија, што значело дека кислородот не стигнал до нивните соби, во болница во Појасот Газа, чија контрола ја зазеде израелска армија.

„Генераторите на болничкиот комплекс престанаа да работат и снабдувањето со електрична енергија беше прекинато“ во болницата Насер, во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, се вели во соопштението на Министерството за здравство, оценувајќи ги израелските сили „одговорни“ за смртта на пет пациенти.

Истиот извор објасни дека израелските операции околу болницата и внатре во неа ја прекинале испораката на гориво неопходно за работа на генераторите.