Широката коалиција СДС-ДПМНЕ си гази

Се сеќавате на ДПМНЕ кои во јануари 2021 година се бунеа за висококатниците карши пазарот во Ѓорче (ДУП СЗ 16) и нетранспарентноста на постапката? Епа денес ќе го донесат тој ДУП – вчера вечер испратени материјали, а денес во 10:00 сабајле си закажаа ВОНРЕДНА седница на брзина, вели Дарја Мустафаоглу од Левица.

– ДУП-от предвидува 20катиница, 17катница, четири 14катници, две 12катници, шест 9катници,седум 7катници, и уште десетина помали згради, додава таа.

Лидерот на партијата Димитар Апасиев на Фејсбук напиша дека „ широката коалиција СДС-ДПМНЕ си гази“, алудирајќи на соработката на општинските советници од двете партии.