Крмов се упати кон селото Коњари да спречи малтретирање на селаните од страна на полицијата

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Вчера вечерта, пред најголемиот државен празник Илинден, во селото Средно Коњари, полицијата на Оливер Спасовски насилно и субверзивно се обиде преку притисок да ги заштити криминалните апетити на ненаситните експлоататори на песок, и во вечерните часови ги малтретираше селаните кои легитимно се побунија против уништувањето на коритото на реката Пчиња, а со тоа и на условите за живот во селото, земајќи им изјави и заканувајќи им се со казни од по 800 евра!

На повик на селаните, пратеникот Борислав Крмов се упати веднаш кон селото, и кога полициските службеници разбрале за оваа информација, во истиот момент веднаш се повлекле.

Бесцелна и погубна е лажната заинтересираност за заштита на Владините функционери за ова подрачје, бидејќи и покрај нивните посети на селото, Министерот за внатрешни работи не виде причина да не ја користи полицијата за задушување на народниот гнев.