И бизнисмените се разочарани од власта

Претставницте на бизнис-заедницата од Македонија испратија порака до сегашните и до идните власти дека досега ниту една влада не била сериозно посветена на домашната економија.

Порачуваат дека властите доаѓале си ги остварувале сопствените потреби и си заминувале, за стопанството никој не направил ништо. Средбите со високите претставници на владата, од Стопанската комора велат дека биле повеќе формални од колку искрено дека се залагале нешто да подобрат.

– Уште од вратата „знаеш претседателе, јас имам таму нешто само две минути ќе бидам и ќе си одам“. Па сега не знаеш дали да го испратиш, бидејќи ако го испратиш сите ќе си одат од другата врата. Треба однос према луѓе, према институција – вели Бранко Азески претседател на Стопанската Комора.

Стопанствениците се револтирани бидејќи велат дека никој не го цени нивниот напор, Македонија да стане земја препознатлива по вредните и квалификувани работници кои произведуваат работи со додадена вредност.

„Во одредени периоди работевме на четири на пет континенти, а сега не може да градиме дома. Сега се почесто ќе слушнете од политичарите наши дека нас не не бивало дека македонците не ги бива, дека ние немаме капацитет. Пазете, како може да имаме капацитет кога сите работи ги работат странци.“ – вели Страшо Милковски од Стопанска Комора.