Уставниот суд пресудува тоа што на министерството му се допаѓа

Додека Уставниот суд се колебаше дали да ја укине одредбата од Законот за буџети за 30% зголемени плати на вработените во Министерство за финансии, Бесими ги претрка и потпиша Колективен договор, со кој ќе го остварат ова право вработените. Која лакрдија, вели ревизорот Јулијана Штрковска-Колариќ.

Да потсетиме, Уставниот суд покачувањето на вработените во Министерството за финансии го прогласи за неуставно, а Штрковска-Колариќ смета дека пресудата е сомнителна и како да донесена според неа во корелација со извршната власт.

– Постои ли договор помеѓу извршната и судската власт? Инаку, се разбира, Уставниот суд не ја поништи одредбата, во спротивно вработените би требало да враќаат пари. Вработените во министерствата ќе се опарат и со 15% со Законот за административни службеници. Ова важи само за министерствата, другите вработени во јавниот сектор ќе бидат помалку платени за иста работа – додава ревизорката.