Функционери на СДСМ се шетаат со лажни докторати, Адеми повеќе од година дена не реагира

Незаконските докторати ги открил „Државен просветен инспекторат“ и инспекторот Предраг Илиевски, но и покрај тоа што пред скоро една година извештајот за петте незаконски докторати бил пратен до министерот Арбер Адеми, тој не реагира и не постапува по Законот за високо образование, според кој тие треба да бидат поништени и кандидатите повторно да ги бранат.  

Записникот, кој е со потврдена автентичност – покажува дека младиот функционер на владејачката СДСМ кој во исто време е и професор и советник на Пендаровски – докторатот го одбранил пред 5 члена на комисијата но спротивно на законот, еден од членовите го немал потребното звање и само како доцент му бил во комисијата на Спасов.

Во исто време, втората неправилност која се констатира а која според законските норми исто така би значела одземање на докторатот е тоа што Спасов во неколку наврати ја менувал темата за одбрана на докторатот без притоа да добие дозвола од Наставно Научниот Совет.

Во прилог е целиот записник на инспекторатот, кој се однесува на докторатот на Александар Спасов.

Целиот записник, проследен со известување, инспекторатот го доставил до Министерството за образование, кое согласно членот 205 од законот за високо образование е надлежно во вакви ситуации да го одземе докторатот.

– Ако министерството надлежно за работите на високото образование во вршењето на правото на надзор над законитоста на работата утврди дека високообразовна установа издала диплома спротивно на одредбите од овој закон, донесува решение за поништување на дипломата што се објавува во средствата за јавно информирање и поднесува до јавниот обвинител пријава за кривично гонење на одговорното лице. – стои во законот за високо образование.

Инспекторатот повел постапка за одземање на докторатот на Спасов, но повеќе од година нема никаква реакција од министерот Арбер Адеми.

Во прилог е и известувањето кое е испратено до министерот.