Ванковска: Левица е единствената партијата од која олигархијата се плаши
- Кандидатот за Претседател од Левица – Билјана Ванковска, вчера гостуваше во емисијата „Што мисли народот“ на телевизија „Стар“. По однос на поддршката која ја добива Ванковска од Левица, таа констатираше дека е единствената партија од која олигархијата се плаши, и додаде дека нејзините активисти се борци кои можат да го издржат секој удар, без разлика дали доаѓа од власта, политичките противници, странските амбасади или било кој. Во прилог ви ја пренесуваме нејзината изјава:
Тоа е во прилог на богатите, на олигарсите, иакои беа под кривични санкции. Имаат залихи, имаат олигархија, олигархијата е таа што може инфузија да им даде. Левица го нема тоа, во тој дел се потпира сама на себе. Се плашат затоа што е најбрзо растечката партија со сопствени сили, без олигарси, без товар за некој товар и се што не бара. Левица кога била на власт, па вината за ситуацијата да е на Левица а не на СДСМ и ВМРО и ДУИ, така што свесни се. Мислам дека добро се носат со тоа, јас сум тука со нив затоа што им верувам.
Верувајте, ако ја држам до себе и до својот интегритет. Кога би имала трошка сомнеж околу нешто, јас прва би била таа што би се повлекла или и тоа дури и јавно би го соопштила! Меѓутоа, јас во нив гледам чесни борци и нешто што недостасува во ситуација во која Македонија во очајна состојба, подготвеност за само жртва и не драматизира. Мислам дека некој што ќе се изложи на ударот од лево, десно, од странците, од Кале, од албанскиот блок, од било каде и да ги оцрнуваат. Треба да се има храброст, да се биде подготвен на само жртва, што и да му дојде на патот, да го издржи тоа! И мислам дека тогаш народот ќе се инспирира.
Видете што се случи во Пакистан пред некој ден. Премиер кој е во затвор и го тргнаа од геополитички причини. Народот масовно излезе, победи партијата, иако лидерот во затвор, ама му веруваат, зошто?