Владините функционери јаделе и пиеле за 1,6 милиони евра

Владините функционери на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и останатите коалициони партнери во периодот од 2008 па заклучно до мај годинава јаделе и пиеле за 1.649.041 евра. Оваа сума може да се добие доколку се соберат сите набавки за месо, преработки од месо, млеко и млечни производи, апетисани, кафе, пијалоци и овошје, во  последните 12 години.

Убедливо најголем издаток по основ на прехрамбени производи и пијалоци е направен во 2018 година кога за оваа цел биле потрошени 312.345 евра. И минатата, 2019 година Владата за оваа намена потрошила 170.306 евра додека само за првите пет месеци годинава склучени се договори за набавка на месо и месни преработки во висина од 88.262 евра.

Најмалку пак, Владата потрошила во 2014 година и тоа 46.908 евра.

Треба да се напомене дека во овој износ не влегуваат трошоците направени по основ на користење надворешни кетеринг услуги и други ресторански услуги.

ГОДИНАИЗНОСГОДИНАИЗНОС
2008108.146201549.214
2009123.5262016113.173
2010159.3142017101.796
2011164.5422018312.345
2012129.6932019170.306
201381.816202088.262
201446.908ВКУПНО1.649.041