УЈП ја објави листата на должници – Најголем должник е „Окитна трејд“

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за неплатени обврски до 31 јануари по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата се 1.872 должници – правни лица што е за 15 повеќе од претходната листа и 3.628 физички лица или за 85 помалку од претходната листа.Вкупно објавениот нето долг изнесува 10,34 милијарди денари (166 милиони евра).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,14 милијарди денари, додека долгот за царински давачки е 204 милиони денари. Најголем должник е „Окитна трејд“ со седиште во Визбегово. Оваа фирма должи 719.131.354 денари (11,5 милиони евра) за неплатен ДДВ.

На листата се голем број јавни комунални претпријатија во сопственост на општините, акционерски друштва во државна сопственост, потоа приватни здравствени установи, спортски клубови, замјодлески задруг