Ванковска: Политичката коректност ја убива државата – Немаме што повеќе да изгубиме

Професорката Ванковска откако објави дека повторно ќе влезе во трката за Претседател на Република Македонија, во емисија на телевизија 24 зборуваше за политичките договори со соседните земји, кои изминатите години буквално го разрушија националното јадро на Македонија. Ванковска истакна дека е доволно од политичка коректност и дека доаѓа време кога мораме да ги браниме нашите интереси, затоа што веќе нема што да загубиме.

Пак. Да не ги налутиме овие, да не ги налутиме оние, мислам ние веќе немаме што да изгубиме, веќе се изгубивме и не знам до каде би одело тоа. Со Преспанскиот и со Охридскиот, работите лежат делумно и во внатрешното право, во Уставот, во она што реков, Општествен договор. Ако не воспоставиме основи за граѓанско општество, не може не, Бугарите да ни речат, ама ние немаме преамбула, ние немаме спомнати ни овие, оние, тука сме сите граѓани.

Во продолжение професорката додаде дека е потребен граѓански устав, кој како што вели ќе ги отстрани овие внатрешни поделби, кои како со „жиг“ ги делат луѓето во различни етнички групи.

Се поставува логично прашање, а не за да ги копираме Бугарите, Бугарите имаат формула за демократијата и тука се губи смислата на етничкото делење. Пребројување крвни зрнца, на пишување во лична карта, од која националност се. Што оди во апсурди во таква сегрегација и дискриминација? Дури и кога не сакате, знаете, кога некој уште велам со жиг, да и напише кој на кое стадо му припаѓа.

Според професорката, етничкиот модел на поделби е надживеан и не е карактеристичен за европските држави.