(Видео) Ми се зaкaнуваа дека ќе ме yбиjaт: He верувам дека имаше само 14 луѓе, ми бараа митo за да се грижат за брат ми – имаше наредба да се затвори бoлницата

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара до крај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

Toj пред камерите на Дојче Веле истакна дека нe верува дека имало само 14 луѓе изгорени во болницата, но открива и дека му барале митo за да се грижат за брат ми.

Само неколку дена пред катастрофата доктор Артан Першовце им соопштил на фамилиите на болните дека има наредба да се затвори модуларната бoлница.Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно.” Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.

„Не знам точно колку луѓе бевме внатре. Тој објект беше полн со придружници, кои спиеја таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно”.

„Три лица досега ми се заканија: да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат! Јас би им кажал дека сум тука и нема да бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го донел својот татко во болница за да се лечи, а го земал изгорен заради нивна грешка, јас сум тука”, вели Емшиу и додава дека, ако треба, правдата ќе ја бара и во Италија каде што живее.

Видеото погледнете го тука.
Пишува и снима: Арбнора Мемети за Дојче Веле