АктуелноЛокално

Џафери казнет за прекршување на Уставот по барање на Левица

  • Соопштение на Политичката партија Левица

Амнестиранатиот терорист со поддршка на неговите коалициски партнери СДС и ДПМНЕ, сега технички премиер Талат Џафери, плати парична казна откако Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила прекршување од страна на Џафери на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и Уставот на РМ, паралелно извршувајќи две неспоиви функции: парламентарен спикер и член на претседателство на ДУИ.

Поведената постапка против Џафери е по иницијатива на Правниот сектор на Левица, кој уште во октомври 2022 година поднесе претставка до антикорупциска комисија за утврдување на судир на интереси поради неспоивост на функции кај тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија. Иако Левица побара да му биде наложено на Џафери да си даде оставка од функцијата претседател на Собранието на РМ, сепак антикорупциска комисија, поради очекуваните притисоци и влијание, му изрекла само смешна парична казна на овој насилник и политички узурпатор.

Џафери, во свој стил, со години газеше по Уставот, дрско прекршувајќи ја императивната уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која пропишува дека: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“.

Ова е само уште една потврда за корупцијата, своеволието и дрскоста на ДУИ и сега „техничкиот премиер“, а кои цели 23 години се толерирани и поддржувани од СДС и ДПМНЕ во нивното деградирање и рушење на македонската држава и институции.

Левица ги повикува граѓаните на престојните избори да ја поддржат единствената партија која жестоко и со сите средства се спротиставува на канцерот на македонското општество ДУИ и жестоко да ги казнат нивните коалициони партнери и соработници СДС и ДМПНЕ!