Како и на кој начин принципот на Бадентер ја мајоризира волјата на мнозинскиот народ
- Пишува Реџеп Исмаил – Советник во Град Скопје и член на Президиумот на Левица
Случај: Совет на Град Скопје, Седница 42, 31.01.2024 година
Во политичките науки ваквата појава која ќе ја опишам подолу се вика -конфесионална мајоризација на волјана на мнозинскиот народ- (во овој случај, македонскиот народ). НО, ова се само бучкуруш терминологии кои во суштина имаат само функција да ја замаскираат вистинската намера на западниот империјализам, кој, преку неговите политичко-оболени умови (либералите) наметнува екпериментални форми на општествено живеење врз народите од периферијата на империјата. Значи, се работи за тоа дека колективниот Запад, под изговорот за заштита на малцинствата, наметнува правила на одлучување кои во суштина ја импонираат волјата на малцинството врз мнозинството – само помислете на ДУИ и се ќе ви стане јасно.
Елем, едно од овие наметнати правила на одлучување е принципот на т.н. БАДЕНТЕР (ху да фак ис Бадентер?!). Овој принцип предвидува носење одлуки со услов тие да имаат мнозинство и од малцинските заедници (а не само од мнозинскиот народ).
И, во Законот за локална самоуправа, во член 41, каде се дефинира работата на Седниците на Советот, во став 3 се вели следново:
(3) Прописите кои се однесуваат на културата, употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во општината, утврдувањето и употребата на грбот и знамето на општината, се усвојуваат со мнозинство гласови од присутните членови на советот, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината.
Истиов став е препишан и во Деловникот на Советот на Град Скопје, во член 88, каде се дефинира одлучувањето на на Советот.
А погоре, е дефинирано пак, како обично Советот одлучува (за општите акти, односно прописите). И таму, се вели дека: Општите акти (прописите) со кои Советот ги уредува надлежностите на Градот Скопје се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот.
На споменатата Седница, како дел од дневниот ред, точка бр. 15. беше токму еден ваков акт (Предлог-Програма за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2024 година – или како сите го викаат Програма за култура); После претресот, за кој патем, се расправаше за поднесените вкупно 6 амандмани на Предлог-Програмата, сите поднесени од страна на Советничката група на Левица – Град Скопје, се прејде на гласање. Најпрво се изјаснаа оние советници кои се дел од заедниците, меѓу кои сум и јас како припадник на „турската малцинска заедница“. Актот си доби мнозинство во овој дел, арно АМА, кога на ред дојде гласање за истиот акт од страна на советниците од мнозинскиот народ, македонскиот, Предлог-Програмата, и покрај тоа што НЕ ДОБИ мнозинство, беше усвоена!?
Практично, принципот на одлучување по бадентер, овозможи да се наметне волјата (во овој случај одлуката) на малцинството врз мнозинството. Односно, предлог-програмата, иако не го доби потребното мнозинство во советот (апсолутно мнозинство – мнозинство гласови од вкупниот број на членови на Советот), таа се сметаше за усвоена само поради тоа што доби согласност во таборот на советници од т.н. „заедниците кои не се мнозинско население“, што е невиден асурд!
Ова е само еден пример од практиката на најниското ниво на државната власт – локалната. Вакви примери на мајоризација на волјата на мнозинскиот народ во Макеоднија има на секое ќоше од општественото секојдневие. Токму ова е методот со кој империјалистичкиот евро-атлантизам ја потчинува државата на македонскиот народ во служба на неговата социо-имбецилна агенда!
П.С. Кога утре некој од ситуираниве албанци од касабана ќе ви каже „друже јас не сакам да бидам бројка“, кажете му дека за жал двајцата сте бројка, само што неговата иако е помала вреди повеќе!
П.П.С. Подолу во коментар, поодамнешен мој текст за политичката страна бадентеровава паричка.