(ФОТО) Карпошани кажаа не на урбанистичката мафија

На денешниот ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА 17-КАТНИЦА ВО КАРПОШ!! карпошани излегоа да го изразат својот револт против урбаната мафија која се смета себе за НЕДОПИРЛИВА ВО КАРПОШ

Претседателот на Советот на Општина Карпош од редовите на Левица, Бранко Ристов на присутните им пренесе дека оваа област е предвидена за болнички комплекси, со поликлиника, болница и две станици за брза помош и нема НИКАКВА ЗДРАВА ЛОГИКА на овој простор да се изгради станбен комплекс!

Тој најави дека Левица ќе поднесе неколку предлог одлуки за стопирање и ревизија на предвидените штетни ДУП-ови на Општина Карпош и најави долга институционална борба против апетите на крупниот капитал.

Граѓаните силно застанаа во поддршка на организаторите и против самоволието на Градоначалникот.

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

Гласи објавата на Левица – Карпош по повод денешниот протест во Карпош против градењето на зградата.