Студентите реагираат: Оставени сме без стипендии, МОН постојано не лаже

Во новата академска 2023/2024 година студентите се жалат дека досега не добиле исплата на ниту една рата од на ниту една од категориите на стипендии според кои се доделуваат. Од МОН веќе неколку пати им било ветено дека ќе се започне со исплата, а последното ветување било во Јануари, но сепакниту новите корисници на стипендии, ниту оние кои ги продолжиле се’ уште не добиле исплата на стипендии за месец Октомври.

Исто така деновиве беше најавено дека е можно покачување на партиципацијата за студирање на студентите, на што набрзо МОН излезе со демант дека нема да има никакво покачување. Студентите пак, велат дека ако набрзо не почне исплатата ќе мораат да протестираат за да си ги бараат своите загарантирани права.