(Видео) Левица е на чело на отпорот – Потребно е обединување зад Левица

  • Дел од гостувањето на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во емисијата „Тешки муабети“:

„Левица е одговор на македонското општество и на генерациите од транзицијата, на нашите генерации. Ние не можеме да говориме за промена на политички елити во сценарио каде што ВМРО-ДПМЕ и СДСМ ќе останат во тие сценарија. Тие се пред сѐ чувари на овој систем, па потоа сѐ останато.

На нас дефинитивно ни треба ПРОМЕНА. Во момент кога се обединија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сите елементи на олигархијата, на политичката елита – веќе не може да се ситни отпорот.

Левица е на чело на отпорот против оваа широка коалиција. И иако има чесни луѓе во другите помали партии, и од десничарските и од левичарските идеологии – сега е потребно обединување зад Левица. Затоа што Левица е единствената опозициска партија.“