,,Анатомија на поезијата’’- шестата книга на поетот Александар Саша Трајковски

Излезе во печат новата книга ,,Анатомија на поезијата’’ во која се застапени поеми кои изобилуваат со совети животни, приказни и размислувања на авторот, вткаени во стиховите, овој пат на еден полесен и по “народски” израз на поетот.

Промоцијата е планирана за месец август во библиотеката “Гоце Делчев” во Велес.

Авторот е дипломиран м-р. доктор, поет, преведувач и толкувач, член и дел од Македонско научно друштво – Битола, член во Клубот на писателите “Коста Солев – Рацин” – Велес и на Здружението на преведувачи и толкувачи на Р. Македонијa.