Мециновиќ: Во Советот на град Скопје владее политичката воља наместо јавниот интерес

  • Фејсбук статус на Портпаролот на Политичката партија Левица и советник во Советот на град Скопје:

Како советник во Советот на Град Скопје, констатирам дека главната тема на конфликт во овој мандат е ЈСП – а како Скопјанец, ЗАКЛУЧОКОТ е дека независно колку е горлив проблемот за нас, дали е тоа загадувањето или јавниот превоз, во Советот владее политичка воља која е во расчекор со јавниот интерес.

Од една страна, како советничка група имаме поддржано: раскстување со приватните превозници, воведување на нови и продолжување на постојани линии, прераспределба на возниот парк по рамноправна логика помеѓу побогатите и посиромашните населби во градот и тн.

Наша поддршка добија субвенциите за исплата на платите. Наша поддршка доби и денешната иницијатива на ДПМНЕ за вонреден инспекциски надзор во ЈСП.

Наша поддршка веќе година дена добива и одлуката за зголемување на возниот парк за над 200 нови еко-автобуси – денеска повторно СДС и ДПМНЕ не ја изгласаа оваа КЛУЧНА ОДЛУКА, без која ќе останеме во оваа очајна состојба.

Сите овие одлуки одат во позитивна насока од социјален, еколошки, економски и логистички карактер. За жал, евидентно е и дека најверојатно нема да има никаков прогрес до крајот на мандатот и дека состојбата ќе се влошува до 2025 година.

#ЦрвеноСкопје