Левица: Пратениците украле 320.000 евра за патни трошоци додека народот одвај преживува

  • Реакција на Политичката партија ЛЕВИЦА:

Додека обичниот македонски граѓанин живее во невидена сиромаштија и едвај ги задоволува основните потреби за живот, пратениците од жироката коалиција ДПМНЕ-СДС сложно, континуирано и бесрамно ги крадат граѓаните преку веќе озлогласените патни трошоци. Имено, “народните избраници“ во 2023 година потрошиле речиси 20 МИЛИОНИ денари или 320 илјади евра само за патни трошоци.

Овој крајно лицемерен чин на пратениците е последен во долгата низа на клептомански постапки, каде што владеачките партиски елити континуирано покажуваат дека единствен нивен интерес е личното БОГАТЕЊЕ и уживањето во привилегиите кои ги имаат како јавни функционери, а не работењето во интерес на граѓаните. Да биде уште потрагично, пратениците кои најмногу наплатиле за патни трошоци се комплетно НЕПОЗНАТИ за јавноста, кои во текот на целата година, па и целиот нивен мандат немаат направено ништо забележително. 

За пример, Јадранка ПОЦКОВА од ДПМНЕ која наплатила околу 670 000 денари, Љубица СПАСОВА од СДС со околу 610 000 денари и Миле ТАЛЕВСКИ од СДС со околу 600 000 денари се дел од пратениците кои граѓаните (на чив грб се богатат), воопшто не знаат дека постојат.

Ја потсетуваме јавноста дека Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци за пратениците во Собранието, закон кој беше одбиен од ДПМНЕ-СДС, иако и двете партии во својата програма декларативно се залагаат за намалување на патните трошоци на функционерите!