Изложба на фотографии на Сашо Саракинов во уметничкиот центар „Арт Хаб“

Отворањето на самостојната изложба на фотографии на Сашо Саракинов во уметничкиот центар „Арт Хаб“ во Скопје (ГТЦ, 2 кат, локал 306) ќе се одржи во среда (24 јануари), со почеток од 19.30 часот.

Станува збор за прва самостојна изложба на Сашо Саракинов на којашто ќе бидат презентирани околу 30 фотографии. Изложбата ќе биде отворена до 2 февруари 2024 година.

На фотографиите се претставени едноставни настани видени од поинаков агол, со интензивна боја и нагласена форма вклопена во една композиција.

– Фотографиите го одсликуваат моментот на настанот со нагласен архитектонски израз на она што се прикажува. Забележани се настани и објекти кои нѐ опкружуваат во секојдневието, а сепак имаат многу што да кажат и да го свртат вниманието на гледачот – истакнуваат од „Арт Хаб“.