Алжир е најновиот кандидат за членство во БРИКС

БРИКС претставува од повеќе од една четвртина од светското БДП и околу 40% од глобалното население. Иако организацијата не е формален сојуз, и постојат значителни геополитички разлики меѓу членките, нивниот заеднички интерес за зајакнување на економските и трговските механизми надвор од рамките воспоставени од Западот покажува се поголема привлечност кај многу земји.

Во пресрет на последниот самит на БРИКС што се одржа во Пекинг во јуни, Аргентина и Иран се пријавија за приклучување кон организацијата, а актуелниот Претседател на БРИКС, Пурнима Ананд, за руските медиуми тогаш соопшти дека Египет, Саудиска Арабија и Турција се меѓу земјите кои исто така, изразија интерес да го следат примерот.

Во понеделникот, алжирската специјална претставничка Лејла Зеруги потврди дека нејзината земја е последната што официјално аплицирала за членство во БРИКС, сподели алжирскиот информативен портал Ал Шорук.

Говорејќи на последниот самит „БРИКС+“ чиј домаќин беше НР Кина, алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне тврдеше дека „континуираната маргинализација на земјите во развој, во рамките на различните институции на глобалното управување, претставува сигурен извор на нестабилност, нееднаквост и развој“.

Покрај потребата од воспоставување „нов економски поредок“ во согласност со резолуцијата 3201 на Обединетите нации усвоена во 1974 година, тој разговараше за посветеноста на Алжир „кон градење на нов меѓународен поредок кој ја вклучува нашата колективна безбедност заснована на стабилноста и просперитетот на секој од нас“.

Тебун беше еден од 19-те светски лидери кои учествуваа во проширениот формат на БРИКС, а него му се придружија и шефовите на петте членки на БРИКС, како и на Аргентина, Камбоџа, Египет, Етиопија, Фиџи, Индонезија, Иран, Казахстан, Малезија, Нигерија, Сенегал, Тајланд и Узбекистан.

Инаку, Алжир е трет најголем извезувач на гас во Европската Унија.