Студентите денеска на протест пред Собранието

Денеска во 16 часот здружението „Студентски отпор“ пред Собранието на Македонија закажа протест на студентите со барање за подобри студентски услови. Протестот ќе се одржи и покрај тоа што власта ги повлече измените на Законот за студентски стандард, а со кои се предвидуваше кратење на групите на студенти што добиваат надомест за дневен студентски оброк.

Пратеничката на ЛДП Моника Зајкова, која беше една од прелагачите на законските измени за денеска попладне најави средба на студентите со пратениците и министерот за образование.

Здружението „Студентски отпор“ бара да се зголеми висината на субвенцијата на студентскиот оброк од 120 на 150 денари, израмнување на сите стипендии, студентите да не бидат дел од владините мерки за штедење и да се подобрат условите во студентитските домови.

Најавено е учеството на претсавници на студентите на УКИМ и на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.