Ирак бара империјалистичка армија на САД да ја напушти нивната територија

Ирак бара брзо и на соодветен начин договорено заминување на меѓународните воени сили предводени од САД од својата територија, но засега крајниот рок не е зададен, изјави премиерот Шиа ал-Судани, оценувајќи ја присутноста на странски сили на ирачка територија како дестабилизирачки фактор, особено во контекстот на израелската војна во Појасот Газа и сѐ поизгледната можноста за прелевање на овој судир во регионот на Блискиот исток.

Политичките фракции на мнозинските шиити во Ирак, од кои повеќето имаат добри односи со соседен Иран, со години наназад повикуваат на заминување на коалициските сили предводени од САД, а тие повици станаа сѐ погласни последниот период.

Премиерот ал-Судани првпат официјално го спомена ова барање пред пет дена, ден откако САД убија во главниот град Багдад лидер на шиитската милиција, што по таквите низата такви операции изминатите години предизвика нов излив на гнев кај шиитското мнозинство во Ирак коешто од владата која ја сочинуваат главно шиитските партии со поддршка на шиитските движења бараат да го прекине присуството на американската коалиција во Ирак.

Пентагон во понеделникот објави дека воопшто нема планови за повлекување на американските трупи, а коишто во Ирак се наоѓаат наводно на повик на една од претходните влади во Багдад по инвазијата во првата Заливска војна. Аналитичарите предупредуваат дека повлекувањето на американските сили од Ирак би го направило неодржливо американското воено присуство во соседна Сирија, што оди во прилог како на владата во Дамаск, така и на шиитското либанско движење Хезболах, и пошироко на Иран. Истовремено, тоа ќе ја направи и потешка логистички американската потенцијалната директна воена поддршка за Израел,

Американските воздушни удари уследија како одговор на десетиците напади со дронови и проектили врз американските бази откако Израел ја започна инвазијата во палестинската енклава Појасот Газа, ја загрижија владата во Багдад дека Ирак може повторно да стане сцена на регионален судир.