Се спрема нов про-американски пуч во Боливија

Откако анти-империјалистичкиот кандидат, Ево Моралес, повторно победи на претседателските избори во Боливија, во подготовка е нов пуч од страна на про-американската опозиција. Според историјата на надворешната политика на САД во Латинска Америка, пучот би требало да биде налик на неуспешниот во Венецуела.

Двата главни опозициони кандидати се:
1. Карлос Меса: Поранешен државник на Боливија во нејзините неолиберални денови, тој ги покани САД да изградат воени бази на територија на суверена Боливија.

2. Оскар Ортиз: Кандидат подржан од радикалната десница која го огранизираше „media luna“ пучот во 2008-2009 година кој резултираше со расистички, анти-домородни, политики. 

Иако делегати од разни земји, меѓу кои Хондурас, Шпанија и Португалија, го пофалија процесот на гласање и броење гласови дури и оценувајќи го како „супериорен во споредба со европскиот“ ( Ману Пинеда, европарламентарец), опозицијата не ги признава резултатите. На почетокот на пребројувањето, кога прелиминарните резултати покажуваа водство на Меса, тој ги поздрави резултатите, подоцна ја смени реториката и повика на протести. Како резултат имаше насилство на гласачките места и во неколку наврати членови на про-американската опозиција палеа гласачки кутии за да не може да се пребројат.

Според Моралес „Се поготвува пуч на десницата со странска поддршка“. Тој додаде: „Го разбирам очајот на десницата, тие не сакаат да ја признаат мојата победа, тие не сакаат да го признаат гласот на домородното население, исто како и во минатото… Но сите ние сме луѓе, сите сме дел од боливиското семејство, можеме да имаме идеолошки разлики, но сеењето омраза против домородното население и непризнавање на нивните гласови е само расизам“. Како против мерка тој повика на мировна мобилизација за да се одбрани демократијата од ултра-десничарското насилство и прогласи вонредна состојба.

Моралес за прв пат победи на изборите во 2006 година и еве некои од клучните негови постигнувања:

1. Стапката на екстремна сиромаштија 2006 година од 38,2% ја спушти на 16,8% во 2016.

2. Во 2005 година најбогатите 10% поседуваа 128 пати повеќе од најсиромашните 10%, во 2015 тоа се намали на 37 пати.

3. Со ставањето на државна контрола врз природните богатства ја зголеми буџетската инвестиција во социјални програми за 750%, во последниве 9 години.

4. „Тој што те храни, те поседува“. Дури 95% од храната што се конзумира во Боливија се произведува домашно, ја намали гладта за 7,4% а неухранетоста од 41,7% на 18,5%.

5. Реалната минимална плата е зголемена за 104% во последниве 2 години.

6. Тројно зголемување на растот на БДП со рекорд од 17,6% на годишно ниво.

7. Во 2006 Боливија имаше најголема неписменост во Јужна Америка од 16%, додека денес неписменоста е искоренета.

8. Воведе бесплатно здравство за сите кое е „пример за светот“ според ООН.