АктуелноЛокално

(Видео) Ристов: Се бориме против мала група луѓе кои сакаат да го закопаат Скопје во бетон

  • Изјава на Претседателот на Совет на Општина Карпош од редовите на Левица, Бранко Ристов, во врска со предложеното нехумано урбано решение за блокот кај поранешна Алумина

„Сведоци сме на уште еден бескрупулозен обид за изигрување на законите, со цел да се остварат бизнис интересите на инвеститорите, без притоа да се води сметка за квалитетот на живот на карпошани.

Мегаломанскиот предлог дозволува изградба на објекти до 34 ката и илјадници нови жители со што во овој дел на Карпош комплетно ќе се наруши урбаното живеење.

Интересот на приватниот инвеститор завршува со обезбедување на што поголем број на станбени квадрати за продажба, а на сметка на квалитетно сообраќајно и инфраструктурно решение, нови градинки, паркови, објекти за култура и спорт, односно сето она што значи достоинствено и хумано градско живеење!

Советниците на Левица НЕМА да гласаат за овој погубен предлог и се надеваме дека и останатите советнички групи ќе го поддржат нашиот став против секаков вид на бетонизација на Карпош!“