Локалниот огранок на Левица од општина Чаир остро реагираше на, како што велат, хроничната негрижа за хигиената и одржувањето на јавните површини. Во објава на социјалните мрежи, тие алармираат за сѐ поалармантната состојба со отпадот кој, според нив, станува секојдневие за жителите на Чаир.
„Ѓубре расфрлано насекаде – околу контејнерите, пред влезовите, во парковите, пред училиштата и здравствените установи. Мирис и глетка на несносен неред“, пишува во реакцијата, со критика кон општината за, како што велат, молкот и нефункционалноста на надлежните институции.
Од партијата велат дека одговорност имаат и граѓаните, но кога недостига организирано чистење, доволно контејнери и редовно собирање отпад, проблемот, според нив, е системски и бара итна интервенција.
„Не бараме луксуз, бараме само да не живееме во ѓубре. Бараме општина што ќе се грижи за секој агол – а не политичари кои излегуваат пред народот само кога нешто им треба“, порачуваат од Левица – Чаир.
Тие повикуваат на итна акција и план за решавање на проблемот со отпадот, а до локалната власт испраќаат јасна порака: „Ако не можете вие, време е да дадете простор на оние што можат.“
Целата реакција на локалниот огранок на Левица од Чаир во продолжение:

