Мојсоска: ДПМНЕ конструктивноста со ДУИ и СДС си ја наплаќа од државниот буџет

  • Став на Јована Мојсоска – Генерален секретар на Политичката партија Левица, по однос на функционирањето на широката коалиција помеѓу СДС, ДПМНЕ и ДУИ, не само на централно туку и на локално ниво.

Ако досега не ви беше јасно зошто ДПМНЕ:

  • правеше кворум за амнестијата со Кривичен законик;
  • гласаше за неевропскиот Закон за поткуп на медиуми;
  • гласаше за контроверзниот избор за директорка за ОТА (агенција за прислушување) со маж вработен во американска амбасада;
  • гласаше за собранискиот Деловник со кој опозицијата се укинува и се воведува двојазичност;

Нивните градоначалници со повторувачки статуси ќе ви објаснат. Ете, како колективно се изразува благодарност за прифатените амандмани на ДПМНЕ со кои власта на СДС и ДУИ ќе одобри средства од буџетот за општините. Нели ова е хибриден режим, нели власта ги саботира општините и нивниот развој?!

Конструктивноста која ДПМНЕ изминативе месеци ја покажа кон СДС/ДУИ си ја наплати со солидни пари од буџетот, што дел ќе завршат и во предизборен поткуп за задоволување на апетитите на својата партиска армија. Затоа ниту СДС, ниту ДПМНЕ не ги демантира наводите за широка коалиција после изборите – затоа што веќе тие предизборно се во широка коалиција.