(Видео) Волас: Внимавајте што посакувате – Вашите политичари се потчинети на ЕУ елитите

  • Европратеникот Мик Волас на Вториот Пленум на #Левица на 2-ри декември:

,,Како и вие, на наш посебен начин, се обидуваме да работиме кон создавање поправеден свет. Не е лесно да се спротистави на парите и моќта и статус квото.

Ние не го воведовме само неолиберализмот. Ние ја зацврстивме милитаризацијата на Европа. Европа секој ден се повеќе и повеќе се милитаризира. Сè повеќе пари од даночните обврзници на Европската унија се користат за гоење на воено-индустрискиот комплекс.

Вашето Министерство за надворешни работи вели, тие се потчинуваат потпоно и ѝ кажуваат на ЕУ колку ќе бидат добри. Велат, сакаме да ја градиме Македонија врз вредностите на Европа. Навистина? Рекоа и дека ќе ги поддржат санкциите што ги воведе ЕУ.

Навистина? Бидејќи повеќето од нив се нелегални.

Вашето Министерство за надворешни работи, вели дека сте желни да одите на мисиите на ЕУ, мисии за обука на ЕУ, во воените мисии на ЕУ во Африка. Што си замислувате? Што побогу македонски војници ќе прават долу во Африка?

Зошто Македонија да испраќа луѓе во Африка за да ги води битките на империјалистите? Да се водат битките на елитите? Зошто би го правеле тоа? Дали е тоа вашата иднина?

Дали е тоа Европската Унија во која сакате да се приклучите? Секоја земја има предизвици. И како што рече Клер пред мене, ќе имате предизвици без разлика дали ќе сте надвор од ЕУ или внатре во неа. Се што ви велам е, внимавајте што посакувате.”