УЈП по налог на Заев ја „чешла” ТВ АЛФА

Додека целата јавност очекуваше УЈП да ги чешла фирмите блиски на Боки 13 и други инволвирани во случајот Рекет, вчера премиерот Заев и актуелен раководител со Минитерството за финансии одобрил Инспектори од Управата за јавни приходи вчера да влезат во телевизијата Алфа, која важи за еден од ретките медиуми критички настроени кон оваа влада.

Инспекторите на УЈП ја барале целата документација на компанијата од јануари 2014 до декември 2019 година. За споредба, УЈП се активира во однос на телевизијата на Боки 13 дури кога беа објавени „бомбите” од италијанскиот новинар, додека во Меѓународниот сојуз формиран од Боки 13 членови на Управен одбор се високи функционери на СДСМ, како што е таткото на Стефан Богоев. Очигледно е дека за органите на прогонот немало никакви сомнежи и индиции за да го испитаат луксузниот живот на (сега притворениот) Боки 13, како и работењето на неговата телевизија. Напротив, токму раководството на СДСМ беа главни гости на отворањето на 1 Телевизија. 

Од телевизија Алфа објавија дека ова не е прв пат премиерот Заев да ги етикира медиумите и новинарите, обележувајќи ги како политички непријатели. Новинарот Горан Момироски овој потег го оцени како координиран напад на двата ентитети кои владеат со Македонија во моментов и дека најавите за тужби на новинари и вонредни контроли на медиуми се доказ за падот на оваа влада.

Момироски дополна дека во време на најголемата афера која ја тресе оваа влада, кога се очекува инспекторите да влезат во фирмите на Боки 13, ваквиот потег може да се протолкува за обид за нејзино затворање како единствена критичка телевизија кон оваа влада. Момироски исто така праша дали македонската влада вакви вонредни контроли испратила и до другите медиуми кои немаат критички тон кон владата и дали е направена контрола на парите кои владата ги дала директно на некои медиумите за да информираат позитивно за нејзиното работење. Исто така, Момироски праша кои се парите кои Владата ги дала на невладини организации со сопствени медиуми и кои според министерот Дамјан Манчевски, дел од нив се и фантомски.

Во продолжение од 17 минута може да се погледне целосниот прилог.

ВЕСТИ НА АЛФА ВО 17:30 часот

Публикувахте от Alfa Televizija в Понеделник, 26 август 2019 г.