Демолиран МНТ штета 4.000 евра – Скршени монитори штета 9.600 евра

По инцидентот во Собранието на Република Македонија, во кој пратеникот од редовите на партијата „Левица“, Борислав Крмов фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им се архивирани амандманите кои ги поднеле. 

Во овој инцидент во Собранието, Крмов искрши еден монитори и микрофон, за кој вети дека ќе ја плати шетата.  Вчера претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за скршените монитор и микрофон.

На оваа вест, со своја објава на социјалните мрежи се огласи претседателот на партијата „Левица“, Димитар Апасиев, со за него препознатлив ироничен став. 

„500 навивачи на Артан Груби го демолираа МНТ – штета 4.000 ЕУР. Еден пратеник на Левица искрши четири монитори – штета 9.600 ЕУР!? Ауууу, јеботе. Декажвајте ако биле златни, не сме знаеле“ – напиша Апасиев на Фејсбук.