Во Охрид прифатена иницијативата за ослободување од давачки и придонеси на бранителите на Р. Македонија

  • Соопштение на Левица – ЛО Охрид

На 27 седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 26.05. 2023 година,беше прифатена иницијативата која ја поднесе советникот на Левица, Виолета Аврамоска, со која се бара да се донесе одлука за ослободување или процентуално намалување на давачки и надомести кон Општина Охрид за бранителите на Република Македонија.

Беше донесен заклучок да се формира комисија која ќе го утврди точниот број на бранители во Охрид.Претседател на комисијата ќе биде советникот на Левица.

По утврдување на бројот на бранители, иницијативата ќе биде реализирана со следниот ребаланс на буџетот на општината.