(Видео) Иницијативата на Левица за бранителите осум месеци заклучена во фиока

  • Реакција на ЛО Левица Свети Николе – Обраќање на советникот Александар Симонов на 38-та Седница на Советот на Општина Свети Николе

Советникот од Левица во Општина Свети Николе поднесе Иницијатива со која се предлага бранителите, учесници во воениот конфликт од 2001 година, како жители на Општина Свети Николе да добијат ослободување или намалување на дел од давачките кон матичната Општина.

Осум месеци подоцна, оваа иницијатива останува во фиока. До сега, немаме добиено одговор од Градоначалникот, кој има законска обврска да се изјасни за прифатливоста на истата! – Исто така се’ уште не е добиен одговор од службите кои преземаа одговорност да достават извештај за буџетските импликации од спроведување на истата.

На минатата седница Левица апелираше конечно да се добие одговор по оваа иницијатива и се овозможи правото истата да се најде на дневен ред пред Советниците, воедно побара разгледување на буџетските импликации, со цел истите да влезат во рамките на општинскиот буџет за 2024 година.