Музејот на Народната банка отворен за јавноста: најстарата монета датира од V век пред Христа

Со околу 23.000 монети од различни историски епохи, започнувајќи од почетокот на V век пред Христа до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во  Република Македонија.

Пристапот во концепцијата на музејската поставка е хронолошки, почнувајќи од најраните примероци што биле ковани или употребувани на територијата на Република Македонија, па сè до изданијата на современите македонски пари. Во таква рамка, изложените примероци тематски прикажуваат различни моменти од монетарната, економската, воената и културната историја. Постојаната музејска поставка за прв пат беше отворена на 25 април 2002 година.