Како со години Љупчо Николовски и СДС со поголемиот брат ДУИ го уништуваат македонското овоштарство

  • Фејсбук статус на Никола Петров – координатор на Сектор земјоделие при Политичката Партија Левица

Во 2014 година имаме извоз на домашно овошје скоро 160 милиони килограми.

  • Во 2015 година имаме рекорден извоз на 176,5 милиони килограми овошје.
  • Во 2023 година извозот е паднат на само 106,5 милиони килограми овошје.

Сума сумарум, од 2015 до 2023 година извозот на домашно овошје е намален за цели 70 милиони килограми.

Во 2022 година на Русија сме и продале овошје за над 12 милиони евра, убедливо најмногу од сите други земји каде сме извезувале. Откако и ставивме санкции, во 2023 година пара нема дојдено од таму.

Лажат дека имаме нови пазари, лажат дека Германија е нашиот најголем трговски партнер, лажат дека лесно ќе ја заменат Русија, само мал дел од нашето овошје се продава во Германија и Западна Европа, а најголеми потрошувачи се земјите од Балканот, Србија и Косово.

Додека производството на домашно овошје е отпишано, тие запишаа рекорден увоз на овошје од странство.

Лажни им се секојдневните лелекања за подобар живот и модерно земјоделство со наш прием во ЕУ. Единствено од таму ќе се офајдат нивните неофеудалци и тајкуни кои уште повеќе ќе ги наполнат сефовите со парите од ИПАРД фондовите.