Како во срцата на Крмов и Апасиев, така и во нашите

  • Пишува: Мери Георгиевска – Доктор на науки по репутација и менаџмент на Културните институции во РМ и Kоординатор во Акадeмскиот Сенат на Левица

Завчеравечер во Парламентот на Република  Македонија се случи или започна нешто ново.

Во моментите кога живееме на работ на две ери, во моментите кога на човештвото не му е повеќе јасно како би продолжиле напред во вид на мислечки и живи организми, во моментите кога во светот се убиваат деца како мравки, во моментите кога тешко процесираме, пратеникот на Левица, Борис Крмов зачекори во историјата запаметен по првиот рез, првиот рез со „остар скалпел“, потег кој ќе го означи почетокот на вистинскиот пад на овој неколку децениски дисфункционален за обичниот човек систем, функционален за мал број богаташи и криминалци – систем.

И културно и историски преминуваме во поинаква парадигма. Парадигма на манифестација. Манифестација која не е предвидлива нити детерминирана, а сепак ќе биде една избрусена состојба на неизвесна извесност.
Она што се случи завчера е само знак за она што ќе се случува, еден мал сенз, но страшно многу голем во исто време за она што допрва доаѓа, за искуството за кое што треба да се подготвуваме после ова тектонско придвижување и настаните кои ќе следат, а кое што го иницира Крмов.   Законодавниот дом претставува космос, закон, устав, и живот на граѓаните кои одат на избори. Пратениците се слуги на народот.

Кај нас откако се распадна СФРЈ, и уште неколку искрени искри кои бликнаа на Небото сакајќи да прават радикални промени, набргу беа изгасени од страна на западниот империјализам – вишите сили, кои започнаа да управуваат со податливите прости умови или умчиња. И така со децении.  

Искрата се запали автентично сега!

Бурно!

Динамично!

Искрено!

Со љубов до последен здив за Татковината!

Во вистински момент!


Доколку нема искра, како би имало оган? Како би не потсетиле на единството, или модерно кажано дека сите сме едно. Едноста на битието, важноста на поединецот во колективитетот. Дека сме дел од големото море на колективната меморија.

Доколку нема оган, како би постоел чадот, како метафора за далечината. Ако искрата е стартерот, огнот е во рацете на народот, политичарите и промените, чадот ќе биде убавиот збор што ќе допре на другата страна на Светот за Македонија и нашите ослободители од едно загушливо, малограѓанско, инфантилно, загадено, наркоманско и криминално општество, каде денес, 21, ноември, во државниот старски дом е виден старец без пиџами на сред соба!?

И да, не се остава таков гол до коска татко во вакво скапано и неодговорно општество и не се заминува во Германија, како што велат Претседателот Апасиев и пратеникот Борислав Крмов. Велат дека ќе останат овде до крај. И ние со нив заедно во синфонијата на сферите кои ќе не донесат назад во баланс и хармонија, како и совршена комуникација со се околу нас. И запомнете, она што се манифестира кај Крмов е и наш гнев, наша свест дека не може така повеќе. „Како горе, така и долу“ е принципот на Херметиката. Така што како што им вриеше во срцата на Крмов и на Апасиев, така врие и во нас. И обратно. Како во нас, така и надвор од нас.

Првото домино се сруши. Сите ние ќе бидеме одговорни да помогнеме на било каков начин да се срушат едно по едно и другите домина и системот да падне. Многу едноставно. „Долу Влада“, што би рекол големиот македонски театарски автор Сашко Насев. Сега сме сите на овој пат на раст и еволуција. Како што одиме, по пат ќе ги шутираме домината. Зошто? За да се исцелиме!

Да се разбудиме!

Да вибрираме на една повисока свест!
Свест за Македонецот!
Нешто што со децении наназад не постои или некои го заборавија засекогаш!
Крмов и Апасиев вчера покажаа како се живее, мисли и реагира од срцето, но и од умот. Конечно во Македонија се споија срцето и умот!! Конечно!!

Интервјуто на Крмов беше сосем, до крај, исцезилирано и конектирано на искреноста, љубовта и посветеноста на ова парче земја. Јас сакам да сум дел од таа љубов, дел од таа експресија, дел од таа посветеност и со секој дел од моето битие гледам да придонесам нешто во цел тој процес. А вие? Сакате една прекрасна земја, мала и стабилна, преубава и добро средена, како што рече Апасиев?


Следи големо изненадување на Изборите!


Зошто ние не животариме, ами мравуљавиме, додека ѓон суратите на коалицијата на Дпмне, Сдс и Дуи царуваат со земјата како мајка им да била царица, па им ја раздала да ја ситнат кај што ќе стигнат. Возат бесни автомобили, градат вили кај ќе стигнат, не се наситни од бетон, тркала, кавијар и кеш!
Како спијат? Со апови, со алкохол, со мешавини, со се само не со мирот во себе!

Не може веќе така!  

Филмот пукна. Инаку ќе преминевме од фашизам и едноумие во канибализам!

И Крмов и Апасиев, освен сето наведено покажаа карактер, а карактерот е менаџмент на либидото!
Карактер – збор кој што недостасува во нашата убава Македонија. Но од убавината за жал и остана само озгора мазното, оздола азното. Затоа е насушно потребно радикализирање на случувањата со цел – ослободување на Македонија од над три децениските фекалии. Од корен, па полевање со асвалт, па потоа се одново. Како што реновирате по дома, така и низ Македонија.

Некој рекол дека надежта се раѓа на буниште.
И да, се роди завчеравечер на буништето на едноумието и криминалот што редовно се врши во Парламентот, а при тоа никому не му е гајле, освен на двајца.

Е одиме на дваесет и двајца! Го цитирам Апасиев.
Одиме!

Борислав Крмов и Димитар Апасиев го искажаа Неискажливото и го објаснија Необјаснивото.

Зошто и Сократ говорел и му допуштале да говори многу и да греши многу, но штом Грешката останува незапишана, се заборава. А нити Таљат е Сократ, нити пак мислам дека Сократ би сакал да го споредам со Таљат. Ангелите ја чуваат Македонија. Тие ќе ја воскреснат од пепелта и претворат во најубав Феникс, а потоа и Лебед.