Апасиев: Новинарските спонзоруши го чекаат Закон за поткуп на медиуми, затоа немаме објективно новинарство

  • Фејсбук статус на Димитар Апасиев – Претседател на политичката партија Левица, по однос на инцидентите во Собранието со кои Левица се бореше против укинувањето на опозицијата и начинот на известување за истите од националните телевизии, кои чекаат законски измени, за добивање народни пари, за пропагандни кампањи на секоја идна Влада. Во прилог ви го пренесуваме неговиот статус:

А знаете оти националните приватни ТЕЛЕВИЗИИ (Канал 5, Сител, Телма, Алфа и АлсатМ) не’ претставуваат како црни ѓаволи за настанот некни у Собрание?

Оти, овие кутри новинарски спонзоруши си чекаат широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ да им го изгласа груевистичкиот Закон за поткуп на медиуми (чиј духовен татко е Иван С. Мирчевски) – со кој ќе си кркнат 7 милиони ЕУР ваши, народни парички!

Е сега, сфаќате кога викаме дека Левица се бори против цел усмрден корумпиран систем на сврзани садови (мафијаши + медиуми + олигарси + политичари), кој како народ ќе мораме да го поразиме, ако сакаме да имаме држава.