Иранскиот генерал Касем Сулејмани убиен при илегални воздушни напади на САД во Багдад

Иранскиот генерал Касем Сулејмани (General Qassem Soleimani) кој беше и командант на „Кудс силите“ како гранични сили на Иранската Револуционерна Гарда (IRGC), заедно со Абу Махди ал-Мухандис, кој е заменик началник на ирачките Популарни Единици за Мобилизација (PMU) како и неколку нивни соработници, беа убиени при кукавичкиот воздушен напад на американските сили извршен вчера во главниот град на Ирак, Багдад. 

Генералот Сулејмани, наводно, летал од Либан или Сирија каде, по слетувањето на аеродормот во Багдад, конвојот, кој бил во придружба на локалните сојузници од ирачките Популарни Единици за Мобилизација (PMU) го погодиле неколку проектили при што загинале најмалку други 5 лица. Генерал Сулејмани, кој ги водеше иранските воени операции во Ирак и Сирија против ИСИС, освен што беше национален херој се сметаше и за еден од највлијателните личности во Исламската Република Иран. 

Потпаролот на PMU Ахмед ал-Асади покрај тоа што соопшти дека во овој воздушен напад, заедно со нивниот директор за односи со јавноста Абу Махди ал-Мухандис, загинале уште 4 други нивни членови, тој изјави и дека за свирепото убиство директно одговорни се САД и Израел како непријатели на народот. 

Ирачките власти исто така го осудија нападот на САД како „повреда на ирачкиот суверенитет“, а пак ирачкиот премиер Адел Абдул Махди овој напад го окарактеризира како „опасна ескалација што ја загрозува безбедноста на Ирак и регионот“. 

Лидерот на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хаменеи, изјави дека убијците на генералот Сулејмани ќе ги стигне одмаздата. Тој, во изјавата од вчера рече дека „оние кои го убија чесниот командант се најсуровите луѓе на планетава,  тој со години се бореше против злите разбојниците на светот“. Ајетолахот Хаменеи додаде уште и дека згаснувањето на животот на Сулејмани нема да ја запре неговата мисија, а криминалците кои на рацете ја носат неговата крв ќе бидат казнети. „Маченикот (šahid) Сулејмани е меѓународна личност на Отпорот и сите приврзаници на тој отпор сега се неговите одмаздници“, рече ајатолахот Хаменеи. Во својата изјава, Ајатолахот исто така изрази сочувство до иранската нација и семејството на генералот Солејмани и прогласи три дена национална жалост во Исламската Република Иран.  

Овој акт на САД е отворен повик за војна. После ваквите околности преговорите помеѓу двете земји ги прави невозможни, кои патем, САД ги прекина еднострано и своеглаво повлекувајќи се од договорот кој претходно беше склучен помеѓу САД на чело со тогашниот претседател Обама, И.Р.Иран плус ЕУ. Впрочем, после сè, ова покажува на која страна е САД со оглед на тоа дека Сулејмани беше лидер во борбата против ИСИС и Ал-Каеда ширум регионот. 

Империјализмот на САД е во криза и за негово одржување насушно потребна му е војна. Очигледно дека, ширум регионот и светот, нивните „безбедности ангажмани“ веќе се непожелни. САД, особено станаа свесени за ваквата нивна неодржлива позиција во регинот после неколкуте, јавно и транспарентно обелоденети, заеднички проекти во повеќе сфери на Техран, Москва и Пекинг. За ова е доказ и неодамнешната заедничка поморска соработка на овие три земји после која командантот на иранската морнарица Адмирал Хосеин Канзади, за локалните медиуми изјави дека „ерата на агресија и упад на американските сили заврши и тие треба постепено да го напуштат регионот“.